ТТК Банка ја додели наградата “ТТК Одговорно лидерство” на "N2Fix" од Португалија
На меѓународниот натпревар JA-YE Europe Enterprise Challenge 2012 (Европски натпревар на претпријатија), кој се одржа во Скопје, ТТК БАНКА АД Скопје ја додели наградата “TTK Responsible Leadership Award” или “ТТК Одговорно лидерство”.

ТТК Банка како финансиска институција која континуирано го поддржува и го промовира претприемаштвото како еден од носителите на економијата, дефинираше критериуми според кои се оценуваа бизнис-плановите. Добар финансиски план на иновација која придонесува кон добробит на општеството беше еден од главните критериуми.
Наградата од ТТК Банка во износ од 500€ ја добија студентите од тимот на “N2Fix” од Португалија, а ја додели г-ѓа Елена Младеновска-Јеленковиќ, Директор на Дирекцијата за маркетинг и развој на производи.
Тимот од Португалија се претстави со добар финансиски план за развој на технологија која овозможува поголема продуктивност на растенијата и независност од користење азотни ѓубрива, што овозможува намалување на трошоците на земјоделците, но и голема заштита на животната средина.


|