македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити со ризико животно осигурување за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Кредити

Субвенциониран станбен кредит на ТТК Банка АД Скопје

 

Со проектот на Владата на Република Северна Македонија „Купи куќа, купи стан“ граѓаните ќе може да аплицираат за субвенционирани станбени кредити во ТТК Банка. Субвенционираните станбени кредити ќе може да се користат за купување нов стан или за купување/изградба на куќа, или за надградба/доградба на стан, односно куќа. 

 

          

 

 

Корисници

·          Физички лица, државјани на РСМ и со постојано живеалиште на територијата на РСМ, во редовен работен однос кои се приматели/неприматели на плата преку ТТК Банка.

Критериуми

·          Кредитобарателот или неговиот брачен другар да не користи друг станбен кредит.

·          Максималната старост на кредитобарателот, ко-кредитобарателите не смее да биде поголема од 70 години при доспевање на последниот ануитет од кредитот.

·          Вкупните месечни приходи на лицето кое не е во брак да не надминуваат 900 еур месечно (во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на поднесување на барањето) односно доколку е во брак вкупните месечни приходи на лицето и неговиот брачен другар да не надминуваат 1.300 еур месечно во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на поднесување на барањето.

·          Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето примања на кредитобарателот.

·          Во кредитот може да се вклучат кредитоспособни ко-кредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот.

Намена и услови

·          Кредитот се одобрува за купување на нов стан, надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа или изградба/купување на нова куќа чија корисна станбена површина не надминува 150 м2 за потребите за сопствено домување.

·          Продажната цена на м2 корисна станбена површина со вклучен ДДВ не смее да надминува 900 еур во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на поднесување на барањето.

·          Кредитот не може да се одобри за купување на нов стан, изградба/купување на нова куќа или изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа од физичко или правно лице инвеститор со чии основачи или сопственици, барателот или неговиот брачен другар е поврзано лице согласно со прописите со кои се уредува банкарското работење.

·          Не смее да се издава, оттуѓи и дополнително оптовари со хипотека станот/куќата купена или изградена со средства од субвенциониран станбен кредит во период од првите пет години од започнување со исплатата на кредитот, односно во период од првите 12 години од започнување со исплатата на кредитот во случај на користење на субвенција за изградба/купување на нова куќа или изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа од страна на физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години.

·          Право на субвенционирање има доколку кредитокорисникот:

-       купува нов стан/куќа непосредно од инвеститорот на објектот или изведувачите;

-       градежно-техничката документација во случај на градење гласи на име на барателот на субвенционираниот станбен кредит;

-       доколку кредитобарателот има во негова сосопственост или во сосопственост на брачниот другар, дел од стан/куќа или делови од повеќе станови/куќи кои се стекнати по основ на наследство или дар, а чија вкупна вредност не надминува 30.000 евра, во денарска противвредност пресметани по средниот курс на Народната банка на денот на поднесувањето на барањето за субвенциониран станбен кредит;

-       доколку кредитобарателот има во негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост, сосопственост на брачниот другар недвижен имот кој вклучува: земјишта (земјоделски, градежни, шумски и пасишта), деловни згради и деловни простории, административни згради и административни простории, куќи и станови за одмор и рекреација, вкупната вредност не надминува 30.000 евра во денарска противвредност пресметани по средниот курс на Народната банка на денот на поднесувањето на барањето за субвенциониран станбен кредит. Во вкупната вредност не се засметува вредноста на градежното земјиште на кое барателот ќе гради со средства обезбедени со субвенциониран станбен кредит;

-       нема во своја сопственост, со-сопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар стан, односно куќа во Р.М. освен ако има во негова сопственост, во со-сопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар:

o    само еден стан кој го продава заради купување на поголем стан или изградба/купување на нова поголема куќа за потребите на сопственото домување;

o    само една куќа која ја продава/руши заради купување/изградба на поголема куќа за потребите на сопственото домување;

·          нема во своја сопственост, во со-сопственост или заедничка сопственост со брачниот другар стан, односно куќа на територијата на Република Македонија, но има склучено договор за градење со сопственик на куќа, за да изврши надградба или доградба за потребите на сопственото домување.

Видови на субвенција

Субвенција на дел од месечен ануитет

 

Возраст до и со наполнети 35 години*

Намена

Висина на субвенција**

за купување нов стан

70% од месечниот ануитет во првите 5 години од отплатата на кредитот

 

за изградба/купување на нова куќа

60% од месечниот ануитет во првите три години, 50% од месечниот ануитет во следните пет години и 40% во следните три години од отплатата на кредитот

за изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа

50% од месечниот ануитет во првите три години, 40% од месечниот ануитет во следните пет години и 30% во следните три години од отлатата на кредитот

 

Возраст над 35 години

Намена

Висина на субвенција**

за купување нов стан

50% од месечниот ануитет во првите 5 години од отплатата на кредитот

за изградба/купување на нова куќа

80% од месечниот ануитет во првите 5 години од отплатата на кредитот

за изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа

75% од месечниот ануитет во првите 5 години од отплатата на кредитот

 

Субвенција на дел од учеството

 

Возраст до и со наполнети 35 години*

Намена

Висина на субвенција**

 

за купување нов стан

70% од учеството најмногу до 25% од максималната субвенционирана вредност или 8.750 евра

 

за изградба/купување на нова куќа

100% од учеството најмногу до 25% од максималната субвенционирана вредност или 12.500 евра

за изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа

 

100% од учеството најмногу до 25% од максималната субвенционирана вредност или 12.500 евра

 

Возраст над 35 години

Намена

Висина на субвенција**

 

за купување нов стан

50% од учеството најмногу до 25% од максималната субвенционирана вредност или 6.250 евра

 

за изградба/купување на нова куќа

80% од учеството најмногу до 25% од максималната субвенционирана вредност или 10.000 евра

за изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа

 

75% од учеството најмногу до 25% од максималната

субвенционирана вредност или 9.375 евра

 

*За физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години.

**Доколку во период од десет години од добивањето на субвенција, семејството на корисникот на субвенциониран станбен кредит се зголеми со раѓање на живородено дете или со посвојување на дете, има право на продолжување на периодот на субвенционирање во случајот кога се субвенционира дел од месечниот ануитет во период од една година во висина од 30% од месечниот ануитет за секое дете, односно кога се субвенционира дел од учеството има право на едногодишна субвенција во висина од 30% од месечниот ануитет за секое дете.

Обврски за враќање на субвенции

·         Средства од субвенцијата се неповратни во случај на редовна отплата на субвенционираниот кредит.

·         Во случај на наплата на субвенционираниот кредит во постапка за присилна наплата, односно извршување, средства од субвенцијата  доспеваат за наплата заедно со субвенционираниот кредит и корисниците се должни да ги вратат веднаш.

·         Во случај на предвремена доброволна отплата на субвенционираниот станбен кредит пред истекот на десеттата година од отплатата на кредитот, односно пред истекот на дванаесеттата година од отплатата на кредитот во случај на користење на субвенција за изградба/купување на нова куќа или изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа од страна на физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години, средствата за субвенциониран кредит достасуваат за наплатата заедно со субвенционираниот станбен кредит и корисниците се должни да ги вратат веднаш на Министерството за финансии преку деловната банка.

·         Во случај на предвремена доброволна отплата на субвенционираниот станбен кредит по истекот на петтата година од отплатата на кредитот, односно по истекот на единаесеттата година од отплатата на кредитот во случај на користење на субвенција за изградба/купување на нова куќа или изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа од страна на физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години корисникот на субвенционираниот станбен кредит има право да изврши еднократна делумна отплата со сопствени средства  но не повеќе од 20% од преостанатата главница од кредитот во кој случај  средствата од субвенцијата се неповратни.

Рок на отплата

·          Од 20 до 25 години.

Износ

·          До 50.000 евра во денарска противвредност.

Каматна стапка

Субвенција на дел од месечен ануитет

·          2,90% годишно, фиксна во првите три години од отплатата на кредитот.

·          3,90% годишно, фиксна во четвртата и петтата година од отплатата на кредитот.

·          6м ЕУРИБОР + 6,90 процентни поени, не пониска од 6,90% годишно, променлива к.с. по петтата година од отплатата на кредитот.

Субвенција учество

·          6-месечен ЕУРИБОР + 4,00 процентни поени годишно променлива, не пониска од 4,00%, во текот на целото времетраење на отплата на кредитот.

Валута

·          МКД со девизна клаузула (денарска противредност на EUR според средниот курс на курсната листа на НБРСМ кој важи на денот на исплатата на кредитот).

Провизии

 

·          900,00 денари надоместок за обработка на барање.

·          При исплата на кредитот:

o    до  30.000,00 евра 1,25% од износот, минимум 6.000 денари.

o    над 30.000,00 евра 1,00% од износот.

·          Без надоместок за администрирање на кредитот.

·         Без надоместок за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот (во случај кредитот да се рефинансира со кредит од друга банка - 3% на предвреме вратениот главен долг).

·          Надомест за измена на обезбедување за кредити за физички лица, 1% манипулативни трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари.

Трошоци

Дополнителни трошоци кои ќе ги сноси корисникот, а кои не и се познати на Банката во моментот на склучување на договорот:

·          Трошок за процена од овластен проценител на пазарната вредност на имотот кој се заложува за секоја година или процена од вработен проценител во Банката согласно Тарифата на Банката (без трошоци за процена на недвижен имот што служи како обезбедување на кредитот, до 31.12.2021 година).

·          Трошок за полиса за осигурување на имотот под хипотека во согласност со Тарифата на осигурителното друштво сè до конечно измирување на обврските по кредитот.

·          Трошок за склучување на нотарски акт, кој се утврдува во согласност со Тарифата за нотарска награда.

·          Трошок во врска со упис на залог во согласност со тарифите на соодветната јавна книга.

СВТ

·          Преглед на СВТ

Обезбедување и документација за обезбедување на наплата

 

·         Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (од 1:1,2 до 1:6, односно од 1:1 до 1:6 за хипотека на недвижен имот лоциран во град Скопје (Општини: Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода) и централните градски подрачја на градовите Тетово, Куманово, Струмица, Штип, Битола и Охрид.).

·          Меница и менична изјава за кредитобарателот и ко-кредитобарателот.

·         Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредтиобарателот, ко-кредитобарателот/ите и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/ буџетската државна институција/ јавното претпријатие ја издава).

·         Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитобарателот за приматели на плата преку ТТК Банка АД Скопје.

Потребни документи

(Стандардни како за станбен кредит, како и дополнителна документација која се бара во согласност со Закон и со договор со Министерството):

·          Апликација за кредит.

·          Барање за станбен кредит (пропишано во Службен весник).

·         Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и кокредитобарателите.

·         Потврда за редовен работен однос, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена, доколку институцијата каде што работат не издава административни забрани), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 6 месеци (за кредитобарателот и кокредитобарателите).

·          Изјава заверена на нотар дека не поседува друг имот и дека не отуѓил недвижност пред 1.8.2011 година.

·          Изјава заверена на нотар дека вкупните приходи не надминуваат 900 евра.

·          Имотен лист за објектот што се става под хипотека (за сите намени) со нов датум.

·          За обезбедување куќа, земјиштето да биде со право на сопственост.

·         Процена, од овластен проценител или проценител вработен во Банката, на пазарната вредност на недвижноста кој се заложува.

·         Полиса за осигурување на имотот под хипотека со винкулација во корист на ТТК Банка, обновувана, годишно за целото времетраење на отплатата на кредитот.

·         Извод од матична книга на родени / венчани за да се докаже сопственоста на имотот (за да се обезбеди и согласност на брачниот другар на заложниот должник доколку се работи за имот стекнат во брак).

·          Наведената документација е потребна за воспоставување на хипотеката.

За купување

За сите видови градба

-Пред договор / договор за купопродажба на стан / куќа заверен на нотар.

-Решение за локација.
-Графички приказ за локацијата; Проект за изградба со предмер и пресметка со актуелни цени на пазарот заверен во проектантско биро и соодветната општина.
-Дозвола за градба и
-Потврда за платени комуналии.

 

Дополнителна документација во случај на сопственост на само еден стан/куќа кој се продава заради купување/изградба на нов поголем стан/куќа

 

Во случај кога барателот на субвенционираниот кредит има во негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар само еден стан на територијата на Република Северна Македонија кој го продава заради купување поголем стан или изградба/купување на нова поголема куќа за потребите на сопственото домување или има во негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар само една куќа на територијата на Република Северна Македонија која ја продава заради купување нов поголем стан или заради купување/изградба на нова поголема куќа, Банката-кредитор е должна да побара преддоговор, односно договор за продажба на тој стан, односно куќа, со кој е договорено најдоцна во рок од една година од денот на склучување на договорот за субвенциониран кредит да се изврши купопродажбата и да се пренесе сопственоста.

 

Дополнителна документација во случај на сопственост на само една куќа која ја руши заради изградба на нова поголема куќа

Доколку барателот има во негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар само една куќа на територијата на Република Северна Македонија која ја руши заради изградба на нова поголема куќа за потребите на сопственото домување,  Банката-кредитор е должна да побара стручно мислење од лице кое поседува лиценца во согласност со Законот за градење, а со кое се потврдува дека куќата ќе се руши за на нејзино место да се изгради нова поголема куќа во согласност со правосилно Одобрение за градење или реконструкција. Банката-кредитор е должна да побара и правосилно Одобрение за градење или реконструкција на име на барателот на субвенционираниот станбен кредит.

Дополнителна документација во случај на немање сопственост на стан/куќа, а се врши надградба/доградба на куќа во туѓа сопственост

 

Доколку барателот нема во негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар стан, односно куќа на територијата на Република Северна Македонија, а врши надградба или доградба за потребите на сопственото домување, Банката-кредитор е должна да побара склучен договор за градење со сопственикот на куќата.

 

Дополнителна документација во случај на сосопственост на дел од само еден стан или една куќа по основ на наследство

Доколку барателот има во негова сосопственост или во сосопственост на брачниот другар дел од само еден стан или дел од само една куќа која е стекната по основ на наследство, а делот на сосопственоста не надминува една половина од станот, односно куќата, Банката-кредитор е должна да побара доказ за наследството.

Исплата

·         По купопродажен договор во корист на трансакциска сметка на продавачот/изведувачот.

 

Прирачник за субвенциониран станбен кредит „Купи куќа купи стан“

 

Потребни документи за да аплицирате за кредит

 

Повеќе информации за субвенционираните станбени кредити достапни се на интернет-страницата: www.kupikukjakupistan.gov.mk или, пак, во која било филијала/експозитура на ТТК Банка АД Скопје.

Доколку не ви одговараат условите на субвенционираниот станбен кредит, можете да аплицирате за станбен кредит на ТТК Банка, кој нуди атрактивни каматни стапки за приматели на плата преку Банката, поволни услови и обезбедување.

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција за деловна мрежа

Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 480

e-пошта: bojan.sterjovski@ttk.com.mk

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.3.2021 година.


 

Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти март 2021 година
Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за предвремена исплата на пензиите од 25-ти февруари 2021 година
Известување за упис на клиентите – правни лица во регистарот на вистински сопственици најдоцна до 27 април 2021 година
TTK Банка АД Скопје ја исплати каматата за првата година на сопствениците на корпоративни обврзници - втора емисија
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративни обврзници од втората емисија по каматна стапка од 2,7% на годишно ниво
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти февруари 2021 година
Известување за поставен нов банкомат во Трговски центар „Палма мол“ во Тетово
Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор.мк“ - ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА: Посакувам подобра година без ограничувања и поголема слобода на функционирање за секого

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување