македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Кредити

Kредит за други намени - по фактури

Со кредитот за други намени - по фактури на корисниците  им овозможуваме купување на производ/услуга по брза и едноставна процедура за аплицирање.

Корисници

·  Државјани на Република Македонија, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот)  во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката; пензионери;

· Физички лица кои примаат/не примаат плата/пензија преку ТТК Банка.

Критериуми

· Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот;

·  Во кредитот  не може да се вклучат ко-кредитобаратели;

· Банката одобрува кредити на физички лица кои се кредитоспособни и кои се:

- во редовен работен однос, со минимален износ на месечни примања од 9.000 денари остварени во Р. Македонија и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 67 години со исклучок на кредити обезбедени со хипотека на недвижен имот и/или меница со жирант за кои старосната граница изнесува 70 години;

- пензионери кои примаат пензија од ПИОМ, со минимален износ на месечни примања од 8.500 денари и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 70 години.

· Минимален износ на месечен ануитет не помал од 600 денари;

· Да нема постоење на долг по различни основи во вкупен износ од над 10.000,00 денари (неплатени даноци, долг за испорачани добра и услуги и друго) во согласност со извештај од Македонско Кредитно Биро.

Износ

 

·  До износот на фактурата.

·  Од 12.000 денари до 180.000 денари.

Намена на кредитот

·  За плаќање производи и услуги по фактури.

Валута

·  МКД

Начин на отплата

·  Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на први секој месец

·  Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата

Рок на отплата

·  Од 12 до 36 месеци.

Каматна стапка

·  11,00% годишна променлива каматна стапка (НРС + 8,92 процентни поени).

·  За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·  11,00% годишна променлива каматна стапка (законска казнена), за достасани, а неподмирени обврски.

Метод и период на пресметка на камата

·  Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода.

Провизии

 

·  БЕЗ надоместок за обработка на барање;

·  При исплата на кредитот - 900 денари еднократно;

· За администрирање на кредитот 0,2% провизија на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот), максимум 5.000 денари;

· БЕЗ провизија за предвремена делумна отплата;

· БЕЗ провизија за предвремена целосна отплата.

Трошоци

·   трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот);

·   трошоци за меница;

·   нотарски трошоци во согласност со нотарската тарифа за кредити над 400.000 денари за приматели на плата, односно над 300.000 денари за неприматели на плата.

СВТ

·  Преглед на СВТ

Обезбедување

 

·  БЕЗ жиранти

· Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот и согласност за активирање  (доколку акционерското друштво/ буџетската државна институција/ јавното претпријатие ја издава).

·  Меница со менична изјава потпишана од кредитобарателот.

 

Меница во форма на нотарски акт

За секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на потрошувачки кредит во износ над 400.000 денари која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт со извршни клаузули.

Потребни документи

При аплицирање се доставува:

·  Апликација за потрошувачки кредит;

· Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот;

·  Потврда за просечна плата во последните 3 месеци или последен чек од пензија за пензионери;

·  Профактура издадена од продавачот;

-  за вработени во приватни фирми образец ПП53 (декларација од УЈП) за последните 3 месеци.

Доколку кредитот е одобрен, при потпишување на договорот и подигнување на производот се доставува:

·  Меница и менична изјава;

·  Налог за уплатени административни трошоци;

·  Фактура издадена од продавачот.

Исплата

·  Исплата на средства на трансакциска сметка на клиентот директно на сметка на кредитниот соработник.

 

Пример

Вид на кредитот

Кредит за други намени - по фактури

Износ

30.000 денари

Рок на отплата

24 месеци

Износ на ануитет

1.402 денари

Начин на отплата

-Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот.

-Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Каматна стапка

11,00%

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

15,64%

Вкупен износ за плаќање

34.638 денари

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

30.000 денари

Вкупен износ на камата за кредитот

3.646 денари

Надомест за одобрување на кредитот

900 денари

Надомест за администрирање на кредитот

92 денари (0,2% на остатокот од долгот годишно, однапред на главниот долг на кредитот).

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Трошок за меница

500 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Датум на пример

1.7.2018

 

 

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција деловна мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 12.11.2018 година. 


 

ТТК Банка АД Скопје – спонзор на активностите на Македонската филхармонија во новата концертна сезона 2018/19
Девизни плаќања со пониски провизии во промотивен период до 31.12.2018 година
Измена на тарифата за услугите во платниот промет со важност од 10.8.2018 година
ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на девизните депозити на физички лица во евра
СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје достапен без надоместок за одобрување во промотивен период до 31.12.2018 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 31.12.2018 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување