македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Награди и признанија

ТТК Банка избрана за Национален шампион на Европските бизнис-награди 2016/17

ТТК Банка е избрана за Национален шампион на Европските бизнис-награди, спонзорирани од RSM International, во категоријата Награда за иновација. Најголемиот престижен европски бизнис-натпревар, поддржан од бизнис-лидери, академици, медиуми и политички претставници од цела Европа, има за цел да ги препознае најдобрите бизнис-практики и извонредност, да го поддржи развојот на посилна и поуспешна европска бизнис-заедница.

Оваа, 10-та година на одржување на наградите, учествуваа над 33.000 бизниси од 34 европски земји, од кои 636 компании од цела Европа беа прогласени за национални шампиони, со што влегоа во втората фаза на овој натпревар.

„Горди сме што ТТК Банка е избрана за Национален шампион на најголемиот европски бизнис-натпревар што инспирира кон поголем успех и придонесувa за подобрување на конкурентноста на бизнисите во Европа. ТТК Банка активно, континуирано и ефикасно е ангажирана во процесот на изнаоѓање проактивни и современи технолошки решенија за поедноставни, поконкурентни и подостапни производи и услуги за крајните корисници, физички и правни лица“, изјави претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка, проф. д-р Драгољуб Арсовски. 

Адриан Трип, главен извршен директор на Европските бизнис-награди, изјави: Честитки за ТТК Банка, која беше избрана да ја претставува сопствената земја како национален шампион. Таа е дел од бизнисите што се важни за успехот на европската бизнис-заедница и ги покажува клучните принципи на иновација, етика и успех’’.

Во следната фаза од натпреварот националните шампиони ќе треба да се претстават со видеопрезентација за сопствената уникатна приказна и бизнис-успех. Панел на судии формиран од европски бизнис-лидери, академици и претприемачи ќе ги наградат најдобрите со статусотRuban d’Honneur’, a селектираните компании ќе продолжат на големото финале што ќе се одржи во 2017 година.

Сите национални шампиони ќе учествуваат во јавното гласање за прогласување на шампион на јавноста во секоја земја. Минатата година компаниите беа поддржани со повеќе од 227.000 гласови.

Европските бизнис-награди традиционално од основањето се поддржани и промовирани од главниот спонзор и промотор RSM International, што претставува шеста најголема мрежа на независни ревизорски, даноночни и консултантски фирми во светот.

Повеќе информации за наградите и за победниците на www.businessawardseurope.com.


 

Промена на пасивните каматни стапки на физички и правни лица од 1.2.2017 година
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување