Во улога на општествено одговорна компанија, ТТК Банка во континуитет ги поддржува активностите кои придонесуваат за правилен раст и развој на здрава младина и на здраво општество.
И оваа година со задоволство сме дел од поддршката на спортските активности на дечињата-членови на Карате клубот „Љуботен“ од Тетово.
Ви пренесуваме дел од атмосферата на натпреварот на Карате-клубот „Љуботен“, кој се одржа во Кичево на 23 април 2017 година.