Титов Врв 2009
На 30-ти и 31-ви мај 2009 година, во организација на Планинарскиот клуб “Љуботен“ се одржа 28-то традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина – ТИТОВ ВРВ 2009 под покровителство на ТТК Банка.

ТТК Банка е генерален спонзор на овој настан по четврти пат и е традиционален партнер на овој настан кој има за цел да пренесува дел од прекрасните убавини на нашата земја!
На искачувањето на 2.747 метри високиот Титов Врв учествуваа повеќе од 700 учесници од 44 планинарски клубови од цела Југоисточна Европа, ентузијасти и љубители на природата.



|