Светскиот ден на штедењето - 31 октомври
По повод Светскиот ден на штедењето 31-ви октомври, Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија одржа свечена седница во просториите на Стопанската комора на Македонија.
Покрај работниот дел, на свечената седница беа доделени признанија на 37 најдобри шалтерски работници од банките и од штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работењето со населението за 2013 година.
За најдобри шалтерски работници од ТТК Банка, наградени беа: 1. Снежана Трајановска- Филијала Битола; 2. Христина Стојкоска- Филијала Охрид; 3. Надица Ѓорчевска- Филијала Скопје.
* 1.11.2013 година. |