македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Соопштенија за јавност 2010

ТТК Банка една од основачите на „Бизнис лидерски форум“ 2010

Адинг АД Скопје, Гемак Трејд, Инет, КПМГ Македонија ДОО Скопје, Македонски Телеком АД – Скопје и ТТК Банка АД Скопје на 26-ти мај 2010 во Инфо-центарот на Европска Унија го засноваа Бизнис лидерскиот форум на Македонија.

Шесте претпријатија потпишаа Меморандум за разбирање со кој доброволно се согласуваат да интегрираат сет од социјални, етички и еколошки принципи за водење на бизнисот.

 

 

БИЗНИС ЛИДЕРСКИОТ ФОРУМ на МАКЕДОНИЈА е платформа која ги здружува малите, средните и големите претпријатија, во кои бизнисот се води на одговорен начин. Во рамките на Бизнис лидерскиот форум, претпријатијата-членки ќе добиваат целосна поддршка при процесите на планирање, спроведување, проценување и подобрување  на активностите за општествено одговорно работење. Целта е да се поттикне одржлив раст на бизнисот што ќе го зголеми профитот на претпријатието, а истовремено ќе генерира и позитивни економски, социјални и еколошки ефекти за развој на општеството во целост. 

 

Администратор на платформата е Центарот за институционален Развој. Секое претпријатие кое ќе се согласи да ги применува принципите на Бизнис лидерскиот форум може да стане негов член.

 

Бизнис лидерскиот форум е прва иницијатива за здружување на бизнис-секторот во насока на понатамошно унапредување на општествената одговорност на претпријатијата во Република Македонија. Како иницијатива, постои во над 90 земји во светот и за прв пат е промовирана од страна на НКВ Принцот Чарлс во 1990 година и група бизнис-лидери. Македонија е една од ретките земји каде што досега не постоеше платформа за соработка меѓу бизнис-секторот со цел постигнување симбиоза помеѓу профитабилноста и одговорноста на компаниите кон сите актери што се засегнати од нивното дејствување: вработени, клиенти, добавувачи, акционери и други партнери, но и животната средина и општеството/заедницата во целост.

 

Неговата Екселенција Ерван Фуере, специјален претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на Европската Унија, беше домаќин на Церемонијата за инаугурација на Бизнис лидерскиот форум.


 

Доделена благодарница на ТТК Банка за поддршката на проектот за млади лидери
Одбележан Светскиот ден на штедење и доделени признанија за најдобрите шалтерски работници за 2017 година
Нова понуда на депозитни производи за физички лица со фиксни каматни стапки од 1.8.2017 година
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување