ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитните производи за физички лица
Со важност од 1.7.2019 година каматните стапки на дел од потрошувачките кредити, кредитните картички Visa Classic како и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица се намалуваат до 0,25 процентни поени, а во согласност со промената на висината на референтните каматни стапки и на максималната законска каматна стапка.
Новите каматни стапки ќе се применуваат во тековното полугодие за постојните и новосклучени договори во согласност со договорните услови. Истите се објавени на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје www.ttk.com.mk кај секој поединечен производ, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите. Корисниците ќе добијат известување преку изводот од сметката или картичката како и писмено известување за намалениот износ на ануитетот.
*објавено на 1.7.2019 година
|