ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитните производи за физички лица
Со важност од 1.1.2020 година каматните стапки на дел од потрошувачките кредити, се намалуваат до 0,22 процентни поени, а во согласност со промената на висината на Националната референтна каматна стапка НРС и на максималната законска каматна стапка.
Новите каматни стапки ќе се применуваат во тековното полугодие за постојните и новосклучени договори во согласност со договорните услови. Истите се објавени на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје www.ttk.com.mk кај секој поединечен производ, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите. Корисниците ќе добијат писмено известување за намалениот износ на ануитетот.
*објавено на 2.1.2020 година
|