Известување за измени на условите во текот на јавната понуда
Врз основа на член 19 став 2 од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје ја прекинува јавната понуда за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност – втора емисија на корпоративна обврзница објавена во дневниот весник „Вечер“ на ден 9.1.2020 година, поради измени во Проспектот во точка 13.5. Правни постапки
Информации за какви било правни постапки (административни, судски и други законски постапки), вклучувајќи ги и потенцијалните постапки или постапките коишто се во тек, за кои издавачот е запознаен, за период од 12 месеци, коишто можат да имаат или во неодамнешното минато имале значајно влијание на финансиската положба или на профитабилноста на издавачот односно на групацијата на издавачот (нивната вредност изнесува најмалку 5% од вредноста на капиталот на друштвото). Имено, против ТТК Банка АД Скопје е отпочната судска постапка во вредност од 115.930.295 денари, што изнесува над 5% од капиталот на Банката.
ТТК Банка АД Скопје ќе поднесе до Комисијата за хартии од вредност на РСМ барање за соодветни измени во Проспектот во рок од три работни дена од прекинот на јавната понуда. Воедно, ТТК Банка АД Скопје Ве известува дека постапката за јавна понуда на долгорочни должнички хартии од вредност – втора емисија на корпоративна обврзница ќе продолжи по добивање одобрение од Комисијата за хартии од вредност на РСМ за соодветните измени во Проспектот, за што јавноста ќе биде соодветно известена преку објава во дневниот весник „Вечер“, на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје и преку Македонската берза АД Скопје.
*објавено на 10.1.2020 година |