Доделено признание за најдобар банкарски службеник на ТТК Банка АД Скопје од страна на Македонската банкарска асоцијација
Традиционално и оваа година на 31-ви октомври по повод Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација додели признанија на најдобрите банкарски службеници за изминатата година.

ТТК Банка АД Скопје го награди квалитетот, ентузијазмот, професионалноста и успешното деловно работење на Флорин Шакири – Соработник во Оддел за управување со лоши пласмани и превземени средства.
Честитки и многу успех во понатамошното работење!
ТТК Банка АД Скопје на настанот ги презентираше производите за онлајн штедење достапни преку електронското и мобилното банкарствo.
Учениците од основните и средните училишта преку едуктивниот прашалник за штедењето имаа предизвик да одговорат на неколку интересни прашања и добија интересни, едукативни подароци.
Голема благодарност до посетителите на штандот на ТТК Банка АД Скопје!
* објавено на 31.10.2019 година |