Поддршка на ТТК Банка АД Скопје на 25-тото јубилејно издание на детскиот фестивал „Јаболчиња“
Детскиот фестивал „Јаболчиња“ го одржа своето 25-то јубилејно издание на 8-ми септември 2020 година, на летната сцена на средното музичко училиште „Тодор Скаловски - Тетоец“, во Тетово.
Поради коронавирусот, долгогодишното опстојување на фестивалот се одбележа во изменети услови. Првото издание датира од 1 јуни 1996 година, во Тетово, а идејно и концепциски фестивалот е осмислен од страна на уметничкиот директор, композитор и аранжер Никола Димовски – „Т`мница“.
Со цел одбележување на јубилејот се изведоа 25 композиции, коишто ги освоија срцата на најмалите љубители на музиката и песната.
ТТК Банка АД Скопје продолжува со општествено - одговорните практики поддржувајќи ги и активностите на најмладите во градењето на вистинските вредности.

* објавено на 11.9.2020 година |