ТТК Банка во поддршка на "Денови на модата" - Штип 2013
TTK Банка го поддржа првиот најзначаен настан за модната индустрија и градот Штип "Денови на модата 2013", кој се одржа во периодот од 26-ти до 29-ти септември 2013 година во Штип.
На настанот се презентираа повеќе текстилни конфекции, чии брендови се препознатливи во земјата и пошироко. Одржувањето на настанот, дава силен поттик за создавање нови успешни текстилни бреднови и го поддржува идниот развој на модната индустрија која вработува значен број од населението во Штип и во источниот регион.
Се очекува настанот да прерасне во традиционален и дека следната година ќе обедини поголем број учесници и претставници од текстилната индустрија. Објектот во кој се одржа настанот е во сопственост на ТТК Банка.

*30.09.2013 |