македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити со ризико животно осигурување за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

„КУСУР штедење“ Штедење што расте со секое купување!

 

 

 

„Кусур штедење“ претставува интересен модел за континуирано штедење во „движење“ со издвојување определен износ од секое купување со Visa дебитнaта картичкa на ТТК Банка АД Скопје.

 

За кого е наменет производот?

 

Овој штеден производ е наменет за сите иматели на Visa дебитна картичка и за корисниците на мобилното банкарство на ТТК Банка АД Скопје преку апликацијата TTK M-bank. Истиот е особено корисен за оние кои нeмаат навика да издвојат месечен износ за штедење, а истовремено им ја олеснува и зголемува заштедата и на оние кои редовно штедат.

 

Како се активира?

 

Овој производ се активира и параметизира преку апликацијата за мобилно банкарство на ТТК Банка АД Скопје – TTK M-bank. Преку можностите кои ги нуди мобилната апликација корисниците можат во кое било време да го деактивираат производот или пак повторно да го активираат со променети услови.

 

Какви можности за штедење нуди?

 

Во согласност со желбите и можностите корисникот самостојно избира опција да издвојува определен фиксен износ или процентуален износ од направената трансакција, што има намера да го штеди. По активирањето на услугата, користејќи ја Visa дебитната картичка на ТТК Банка АД Скопје, со секое купување преку „Кусур штедење“ ја зголемува својата заштеда.

 

Дали има трошоци?

 

Производот е бесплатен, достапен за постојни и нови корисници на Visa дебитните картички на ТТК Банка АД Скопје.  За користењето на мобилното банкарство на ТТК Банка АД Скопје не се наплатува надоместок.

 

Што се случува со заштедените средства?

 

Средствата што се штедат преку производот „Кусур штедење“ се пренесуваат на отворен штеден влог, за кој минималниот влог изнесува 1.000 денари, а важат актуелните каматни стапки за штедење по видување. Средствата се на располагање на корисникот во кое било време.

* објавено на 31.10.2019 година


 

Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2021 година (вторник)
Известување за исплата на паричните права од социјална, цивилна и детска заштита од 5-ти јануари 2021 година
Известување за поставен нов банкомат во Трговски центар „Палма мол“ во Тетово
Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор.мк“ - ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА: Посакувам подобра година без ограничувања и поголема слобода на функционирање за секого
Известување за проширување на мрежата на банкомати во Гостивар од 28.12.2020 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми декември 2020 година
Известување за ново работно време на филијалите и експозитурите во сабота, почнувајќи од 26.12.2020 година
ТТК Банка АД Скопје започна со исплата на финансиската поддршка од Владата
Известување за промена на локација на експозитура Кичево
Финансискиот резултат на ТТК Банка АД Скопје на еден месец пред крајот на оваа година достигна 91,5 милиони денари
ТТК Банка АД Скопје ја прошири мрежата на банкомати
Интервју со Претседателот на Управен одбор на ТТК Банка АД Скопје д-р Драгољуб Арсовски за „Денар.мк“ - „Ефикасни и достапни и во услови на здравствена криза“
Јавен повик за учество на XXXV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување