ТТК Банка АД Скопје спонзор на четвртата меѓународна манифестација „Денови на Иљо 2018“ во Тетово
Од 10 до 25 мај 2018 година се одржа четвртата меѓународна манифестација „Денови на Иљо 2018“ во Тетово во организација на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески – Смок“ од Тетово.
ТТК Банка ја поддржа манифестацијата чијашто oсновна цел е промоција и заштита на културно-уметничкото богатство на Република Македонија.
Посетителите имаа можност да проследат изложба на карикатури, поетска вечер, фестивал на афоризми, хумор и сатира, драмска претстава, изворни староградски песни итн. Mанифестацијатa изобилуваше со богато фолклорно творештво, со претставување на домашни и странски фолклорни групи коишто го одбележаа четвртиот меѓународен фолклорен фестивал организиран во две вечери.

*објавено на 29.5.2018 година. |