Корисници |
· Државјани на Република Северна Македонија |
Износ |
· Максимум до 95% во однос на висината на депонираниот износ, но не помалку од 20.000 денари. |
Валута |
· МКД. |
Начин на отплата |
· Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први наредниот месец од денот на исплатата.
· Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата. |
Рок на отплата |
· од 12 до 60 месеци. |
Каматна стапка |
· 2,50% годишна фиксна каматна стапка над пасивната каматна стапка за депозити со определена намена.
· За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот. |
Казнена каматна стапка |
· 9,5% годишна прилагодлива каматна стапка (законска казнена) за достасани, а не подмирени обврски. |
Метод и период на пресметка на камата |
· Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода. |
СВТ |
· Преглед на СВТ |
Провизии
|
· 500 денари надоместок за обработка на барање за кредит, за приматели на плата/пензија, односно 700 денари за неприматели на плата/пензија во Банката.
· Без провизија за администрирање на кредит.
· При исплата на кредитот 0,5% од износот мин. 1.500 денари.
· Без провизија за предвремена делумна отплата.
· Без провизија за предвремена целосна отплата.
· Надомест за измена на обезбедување за кредити за физички лица, 1% манипулативни трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари. |
Трошоци |
· Трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот). |
Обезбедување |
· Залог на депозит кој може да биде денарски и/или девизен од физичко и/или правно лицe, чиј рок на депонирање е еднаков или поголем од рокот на враќање на кредитот, при што треба да се почитуваат следните правила:
- Кога валутата на кредитната изложеност е иста со валутата на депозитот/депозитите кои служат како обезбедување, тогаш кредитната изложеност не треба да е повисока од 95% од вредноста на обезбедувањето;
- Кога валутата на кредитната изложеност е различна од валутата на депозитот/депозитите кои служат како обезбедување, тогаш кредитната изложеност не треба да е повисока од 90% од вредноста на обезбедувањето;
- Кога валутата на кредитната изложеност е различна од валутата на депозитот/депозитите кои служат како обезбедување, но валутата на депозитот/депозитите е евро, тогаш кредитната изложеност не треба да е повисока од 95% од вредноста на обезбедувањето. |
Систем на процена |
· 95% од износот на депозитот. |
Потребни документи |
· Апликација за кредит.
· Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот.
· Изјава за залог на депозит. |
Исплата |
· На трансакциска сметка на корисникот на кредитот. |