СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје достапен без надоместок за одобрување во промотивен период до 30.9.2018 година
ТТК Банка го понуди Супер станбениот кредит без надоместок за одобрување во промотивен период до 30.9.2018 година по исклучително атрактивни услови за поволно кредитирање во рамките на двете актуелни понуди за овој производ.
Корисниците приматели на плата/пензија во ТТК Банка имаат можност да аплицираат за СУПЕР станбен кредит со ФИКСНА каматна стапка од 2,85% годишно во првите три години, односно променлива каматна стапка од 6м ЕУРИБОР + 5,85 процентни поени во останатиот период.
Во рамките на втората понуда, СУПЕР станбениот кредит нуди ФИКСНА каматна стапка од 3,85% во првите пет години, односно променлива каматна стапка од 6м ЕУРИБОР + 5,85 процентни поени во останатиот период.
Покрај атрактивната фиксна каматна стапка во период до 5 години, СУПЕР станбениот кредит е достапен и со дополнителни олеснувања - без трошок за обработка на барање за кредит, без трошок за процена, грејс период до 12 месеци, 10% сопствено учество и без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства.
Супер станбениот кредит е наменет за купување нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице, за изградба, доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа), како и за рефинансирање станбен кредит од друга банка.
Повеќе информации за оваа понуда корисниците можат да најдат на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје и во експозитурите и филијалите на Банката.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје