Финансискиот резултат на ТТК Банка АД Скопје на еден месец пред крајот на оваа година достигна 91,5 милиони денари
На еден месец пред крајот на оваа година финансискиот резултат на ТТК Банка АД Скопје достигна 91,5 милиони денари. Остварениот финансиски резултат го надминува оној што беше очекуван со првичните согледувања за последиците што ќе ги предизвика светската пандемија од вирусот COVID-19, и е со зајакнат квалитет бидејќи произлегува од ефектите на редовното работење. Со тоа се потврдува одржливоста на деловниот модел и успешното управување на Банката во сите нејзини аспекти на работење.
Во овие сложени и кризни услови, ТТК Банка АД Скопје успеа да го задржи пазарното учество во однос на активата и кредитите. На годишно ниво, Банката реализира позитивни трендови на раст на кредитната и депозитната активност. Кредитниот раст и оваа година позначајно произлегува од пласманите кај домаќинствата на долг рок, и тоа пред сѐ на станбени и потрошувачки кредити.
Банката ги презема сите неопходни активности за одржување на квалитетот на портфолиото, преку градење стабилни и трајни односи со корисниците, ефикасно управување со кредитниот ризик, добро организирана наплата, развој на понудата на производи и изнаоѓање флексибилни решенија приспособени на потребите на физичките и правни лица.
Како илустрација за доброто управување со кредитниот ризик претставува и показателот за учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансиските субјекти, кој кај Банката, на 31 октомври 2020 година, изнесува 1,1%, што претставува историски минимум и е на пониско ниво во споредба со показателот како на ниво на банкарскиот систем, така и на ниво на групата мали банки каде што припаѓа ТТК Банка АД Скопје.
ТТК Банка АД Скопје и понатаму ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и го прилагодува своето работење на новонастанатите состојби и пазарните услови, со фокус кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.
Со цел креирање одржливи и ефикасни процеси и реализација на планираниот обем на активности во согласност со Деловната политика, во услови кога е неопходно минимум присуство во банките, Банката ќе продолжи да работи на дигитализација на процесите и надградба на производите и услугите достапни преку дигиталните канали (електронско и мобилно банкарство).
* објавено на 15.12.2020 година. |