македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Известувања

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје,   Надзорниот одбор на

 

 

ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА XXVI СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ

 

            Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр.02-9694/4 од 29.9.2016 година, XXVI седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на ден 31.10.2016 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот, во просториите на Банката во т.ц. Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр. 19а во Скопје, со следниот предлог

 

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

I.   ПРОЦЕДУРАЛЕН  ДЕЛ 

1.     Отворање на Собранието;

2.     Избор на претседавач на Собранието;

II.   РАБОТЕН  ДЕЛ

1.     Разгледување предлог-одлука за именување членови на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје.

2.   Разгледување предлог-одлука за измена и дополнување на Статутот на ТТК Банка АД Скопје;

 

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс:02/3131-387;  e-mail:sekretarijat@ttk.com.mk.)

 

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на Дневниот  ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

 

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

 

Секој  акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

 

Податоци за начинот на исраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

 

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

 

Акционерите може да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 9.10.2016 година до 16.00 часот, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

 

          Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во т.ц. Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр. 19а во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.   

 

 

 

претседател на Надзорен одбор

на ТТК Банка АД Скопје

м-р Глигорие Гоговски с.р.

 

1. Bкупен број акции и вкупен број гласачки права

2. Пријава за учество

3. Прашања од акционерите во врска со точките од Дневниот ред

4. Вклучување на нови точки и одлуки во Дневниот ред и предлагање на нови одлуки 

* Предлог од акционерот Тетекс АД Тетово

* Податоци за номинирани кандидати за членови на Надзорен одбор

5. Гласање преку полномошник

6. Полномошна за физички и правни лица 

7. Резултати од гласањето

8. Записник

 

*15.11.2016 година


 

Промена на пасивните каматни стапки на физички и правни лица од 1.2.2017 година
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување