Известување за промена на тарифата за услугите во денарскиот платен промет за правни лица
Почитувани корисници,
Ве информираме дека со важност од 1.9.2020 година, во согласност со пазарните услови, TTK Банка АД Скопје воведува провизија за генерирање изводи во износ од 10,00 ден. по извод, и врши промена на тарифата за некои од услугите во платниот промет.
Доставувањето и увидот во изводите на електронска адреса како и преку електронското банкарство остануваат бесплатни.
Истовремено потсетуваме дека користењето на услугата за плаќање преку електронското банкарство не се наплатува. Исто така, издавањето, реиздавањето на дигиталниот сертификат како и сите достапни услуги за прегледи, евиденции, информирање за состојба и промет на сметка остануваат бесплатни.
За тарифата со важност од 1.9.2020 година можете да се информирате на следниот линк како и во филијалите и експозитурите на Банката.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје
* 31.8.2020 година
|