Спонзорство на театарската претстава "Госпоѓа Министерка"

Во рамките на својата посветеност на поддршка на културата, ТТК Банка го најавува годишното спонзорство на театарската претстава "Госпоѓа Министерка".
Со отсуство од скоро 20-тина години, во Македонскиот народен театар, на 28.03.2009 год. беше изведена премиерно претставата "Госпоѓа Министерка" во актерска интерпретација на Весна Петрушевска.
Со одлична актерска екипа од 28 актери, успешно беше претставена една слика на денешните проблемите на модерното живеење на еден хумористичен, сатиричен начин.
ТТК Банка продолжува и понатаму да поддржува проекти кои се од непроценливо значење за македонската култура и идентитет. |