ТТК Банка на "Саем на жена"
За прв пат во Р. Македонија се одржа “Саем на жена”, манифестација посветена на женската популација, која се одржа од 24-ти до 26-ти септември во "Метрополис Арена". ТТК Банка присуствуваше со свој изложбен простор и имаше промотивна акција наменета специјално за женската популација.
За време на саемот, се одржаа разни перформанси, предавања, информативни работилници, интерактивни штандови, каде што посетителите можеа да научат за финансиите, здравјето, убавината и многу повеќе.
Со поддржувањето на манифестацијата, ТТК Банка ги поддржа жените, едни од главните потрошувачи на кои им беа поделени промотивни подароци на сите посетители на штандот на ТТК Банка.

|