македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на најповолен добавувач за набавка на интегриран софтвер за управување со човечки ресурси

 

 

Почитувани,

 

ТТК Банка АД Скопје објавува повик за избор на најповолен понудувач за набавка на интегриран софтвер за управување со човечки ресурси.

 

Главни цели за набавката на овој софтвер се:

-елиминирање на повторувачко внесување на исти податоци;

-автоматизација на административните процеси со вграден систем на нотификации;

-автоматизирање и оптимизирање на рутинските барања при администрирање на работните процеси усогласени со ЗРО, ОКД и други закони;

-креирање на единствено досие за секој вработен и едноставен пристап до потребните информации;

-подобрување на ефикасноста на управувањето со човечките ресурси и фокусирање на вистинските потреби и предизвици на Банката;

-интеграција на евиденцијата на работно време со пресметката на плата, во обем во согласност со потребите на Банката.интеграција на евиденцијата на работно време со пресметката на плата, во обем во согласност со потребите на Банката.

 

Во согласност со потребите на Банката и целите кои треба да се постигнат, понудениот софтвер за управување со човечки ресурси, потребно е најмалку да ги има следните модули:

 

1. Модул за персoнална евиденција, кој ќе овозможи:

-создавање на добро дефинирана и ажурирана организациска структура и систематизација на работни места во кој се дефинирани сите потребни предуслови по работни позиции;

-креирање и ажурирање на електронски досиеа на вработените во кои ќе се соберат и поврзат сите потребни податоци и информации за работниот процес на секој вработен со цел да се води сеопфатна и интегрирана евиденција;

-управување со присуства и отсуства;

-систем на награди и казни;

-обуки на вработените;

-евалуирање и оценување на перформансите на вработените и слично.

 

2. Модул за пресметка на плати усогласен со законската регулатива за работни односи и пресметка и исплата на плати. Овој модул неопходно е да биде поврзан, со евиденцијата на присуства и отсуства и на работно време и контрола на пристап, во согласност со потребите на Банката.

 

3. Модул за евиденција на работно време и контрола на пристап, кој ќе овозможи евиденција т.е регистрирање на влез и излез на вработените од Банката.

 

Евиденцијата на работното време потребно е да се воспостави на околу 35 локации низ целата држава, со можност на одредени локации да има контрола на пристап.

 

Во случај на пропуштена или несоодветна регистрација на вработениот во системот, потребна е функционалност со која претпоставениот раководител може да врши дополнителни интервенции и корекции во записите со цел комплетирање на циклусот на настани влез/излез на дневно ниво.

 

Во сите модули како контролни механизми, неопходно е вградување на систем на нотификации и можност за брзо и едноставно генерирање на извештаи.

При воспоставување на софтверот од страна на избраниот набавувач потребно е да се обезбеди интегрирана поврзаност на сите горенаведени модули, можност за неограничено модифицирање и дополнување на сите податоци и инпути, соодветна миграција на сите досегашни електронски водени податоци во понудениот софтвер и системски код на софтверот за потребите на ИТ службата, како и обука на вработените.

Значајни напомени:

Бараните евиденции треба да се воспостават за околу 250 вработени во Банката.

 

Набавката не е деллива. Понудувачите треба да аплицираат за сите предвидени точки во јавниот повик во согласност со погоре наведената спецификација.

 

ТТК Банка АД Скопје со избраната компанија ќе склучи договор за набавка по прифаќање на најповолната понуда.

Услугите предмет на договорот ќе се извршуваат во просториите на Банката и/или преку дозволен далечински пристап.

 

По изработка и полна функционалност на софтверот, неопходно е во најбрз можен рок да се отстрануваат сите воочени функционални и технички недостатоци и дефекти, како и итна реакција кога се неопходни итни измени и доработки на постојните функционалности, предизвикани од промена на законската регулатива и слично.

 

Лицa за контакт од Банката:

-           Марија Петрушевска, електронска пошта: hr@ttk.com.mk, телефон: 071/340-838 или 02/32 47 000 локали: 421, 466 и 438.

 

Облик и содржина на понудата:

 

1.  Понудата се изработува во писмен облик.

2.  Понудата треба да содржи:

·          Име/Назив, адреса и седиште на понудувачот, броеви на телефон и факс, електрoнска пошта (е-mail) и лица за контакт;

·          Цена на понудата, со посебно изразен ДДВ;

·          Рок на плаќање;

·          Рок на испорака на софтверското решение;

·          Гарантен период;

·          Постгарантно одржување;

·          Референтна листа.

 

Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен плик на следната адреса:

ТТК Банка АД Скопје

ул. „Народен фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје

(со назнака: за интегриран софтвер за управување со човечки ресурси).

 

Понудите да се достават најдоцна до 10.12.2018 година (понеделник) до 16:00 часот.

 

 

*објавено на 29.11.2018 година.

 


 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - Соработник во Оддел за лоши пласмани и преземени средства - Проценувач
ЈАВЕН ПОВИК за избор на најповолен добавувач за набавка на интегриран софтвер за управување со човечки ресурси
ТТК Банка АД Скопје – спонзор на активностите на Македонската филхармонија во новата концертна сезона 2018/19
Девизни плаќања со пониски провизии во промотивен период до 31.12.2018 година
СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје достапен без надоместок за одобрување во промотивен период до 31.12.2018 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 31.12.2018 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување