На 19 октомври 2019 година се одржа штафетната трка во трчање 4 х 2000 метри на компаниски тимови - Business Run 2019.
Тимовите-претставници од 96 компании, банки и финансиски друштва, фирми и институции од македонскиот бизнис сектор се натпреваруваа со едно заедничко мото, а тоа е изградба и промоција на корпоративната култура којашто го промовира спортот, го поддржува здравиот начин на живот, го одржува тимскиот дух и ја зголемува мотивацијата на вработените.
На осум километарската трка тимот на ТТК Банка АД Скопје постигна одлично време од 33,20 минути и го освои шестото место во конкуренција од 96 тимови и вкупно 400 учесници.
Им честитаме на колегите за постигнатиот резултат!