По тој повод, на 26-ти мај се одржа прес-конференција во Инфо-центарот на Европската Унија, каде што беа дадени детални информации за настанот. За време на прес-конференцијата, се обрати претставникот од планинарскиот клуб „Љуботен“, г-дин Јован Божиновски, кој ја презентираше програмата и агендата на настанот, како и прецизни информации за безбедноста и дисциплината за време на искачувањето.
Оваа година, како почесен покровител на настанот е специјалниот претставник на Европска Унија во Р. Македонија, г-дин Ерван Фуере. Тој се обрати за време на прес-конференцијата, искажувајќи ја важноста од одржувањето вакви настани за зближување на народите од цела Европа, за битноста на продолжувањето на долгата традиција на настанот, кој има големо влијание врз туризмот во Р. Македонија.
ТТК Банка традиционално го поддржува настанот. За време на прес-конференцијата г-ѓа Елена Младеновска-Јеленковиќ, директор на Дирекцијата за маркетинг и развој на производи, истакна дека настанот е од огромно значење за развојот на здрава и просперитетна заедница, кој придонесува во промовирањето на уникатните и специфични убавини кои ги поседува оваа прекрасна земја и овозможува зближување на народите од цела Европа.
ТТК Банка е институција со високоизградена општествена одговорност која се грижи за околината во која живее и работи и негува цврсти врски на пријателство и соработка со институциите од општествениот и од економскиот развој на заедницата. Со својот ангажман за поддршка на спортовите во Македонија, ТТК Банка го става акцентот на важноста на тимскиот и натпреварувачки дух и остварување резултати.
ТТК Банка ќе продолжи и понатаму да ја следи својата стратегија за општествена одговорност, во која ги поддржува и ги промовира вредностите кои секојдневно ги застапува во своето работење: доверба, традиција, удобност, ентузијазам, искуство и знаење, иновативност, тимски дух и професионалност.