македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Соопштенија за јавност 2020

ТТК Банка АД Скопје со понуда за ново одложување на отплатата на кредитните обврски за физички лица

 

 

Периодот на одложена отплата на месечните кредитни обврски на клиентите – физички лица во согласност со Јавната понуда на ТТК Банка АД Скопје за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти - физички лица од 1.4.2020 година завршува заклучно со 30.9.2020 година.

               

Поради продолжувањето на несаканите ефекти на пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, ТТК Банка АД Скопје повторно овозможува одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни прозводи за период од дополнителни 6 (шест) месеци под истите услови, најдоцна до 31.3.2021 година.

 

Можноста за одложување на плаќањето се однесува на физички лица, кредитокорисници во ТТК Банка АД Скопје, кои имаат активни кредити, кредитни картички и/или дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кои на 29.2.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В, и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност, како и на кредитокорисници во ТТК Банка АД Скопје кои имаат кредитна изложеност којашто е одобрена во период од 1.3.2020 до 24.3.2020 година, кои се финансиски погодени од пандемијата на Covid-19 вирусот, кои имаат неопходна потреба од истото и исполнуваат најмалку еден од следните критериуми:

 

  • намалени месечни примања над 10% во периодот на ковид-кризата споредено со месеците пред ковид-кризата;
  • отсуство или нередовни месечни примања во периодот на ковид-кризата;
  • престанок на работен однос во периодот на ковид-кризата;
  • зголемени трошоци за лекување предизвикани од ковид-кризата;
  • најмалку една од горенаведените причини која се однесува на поврзаното/ите лица со кредитокорисникот и/или на ко-кредитобарател/ите.

 

Клиентите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да ја прифатат Јавната понуда преку интернет-страницата на Банката во рок од 10 (десет) дена од датумот на објава на понудата, а најдоцна до 14.9.2020 година.

 

Клиентите кои во овој рок нема да ја прифатат понудата ќе продолжат со редовна отплата на своите обврски.

 

Банката понуди можност за електронско или писмено известување за прифаќање на понудата.

 

Електронското прифаќање на понудата за клиентите со примања во ТТК Банка АД Скопје ќе биде брзо, ефикасно, без потреба за присуство и доставување на дополнителна документација што е особено значајно во актуeлните услови. При прифаќањето на понудата преку електронско известување за одредени клиенти кои не се опфатени во евиденцијата на Банката дека исполнуваат некој од утврдените критериум, Банката ќе го извести клиентот преку е-пошта или смс порака за задолжително приложување на соодветна документација како доказ за исполнување на некој од критериумите.

 

При прифаќање на понудата преку писмено известување задолжително е клиентот да достави Известување за прифаќање на Јавната понуда и соодветна документација како доказ за исполнување на некој од критериумите.

 

Линкот за електронско известување како и образецот за писмено известување за прифаќање на понудата се достапни на интернет-страницата на Банката.

 

Клиентите кои ќе ја прифатат понудата можат да продолжат со редовна отплата на обврските за кредитни производи и пред истекот на периодот од предложените 6 (шест) месеци врз основа на доставено барање до Банката по електронски пат на следната е-адреса:  covid19@ttk.com.mk

 

 

*4.9.2020 година


 

Известување за четвртото издание на едукативниот настан „Денови на финансиската писменост“
Известување за времено затворање на експозитура Куманово 1
Известување за промена на локација на банкомат во Битола
ТТК Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа со нова експозитура во Кавадарци
Известување за исплата на паричните права од социјална и детска заштита од 4-ти ноември
ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало
ТТК Банка предупредува на лажно претставување со злоупотреба на името на Банката
Јавен повик за учество на XXXV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 31.12.2020 година
Интервју со Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор“: Кризата се ширеше побрзо и од вирусот, ТТК Банка одговори силно на предизвиците
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување