македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Соопштенија за јавност 2018

Девизни плаќања со пониски провизии во промотивен период до 31.12.2018 година

 

 

ТТК Банка АД Скопје ги намали провизиите за девизни плаќања за физички и правни лица во промотивен период со важност до 31.12.2018 година. Понудата овозможува брза и сигурна реализација на плаќањата во странство или на девизните приливи со најниски провизии и намалување на трошоците во девизниот платен промет.

 

За девизните плаќања на правни лица - ностро дознаки, без разлика на износот, провизијата изнесува 0,15% односно мин. 500,00 денари. Трошоците - OUR изнесуваат 900,00 денари, додека  SWIFT трошоците 300 денари. За обработка на приливите од странство, лоро дознаки од правно лице, провизијата изнесува 0,08% односно мин. 500,00 денари.

 

Девизниот прилив за физички лица, доколку е одлежан во Банката 5 дена, се исплатува без провизија. Во спротивно, провизијата за исплата на прилив до 6.000,00 денари (во денарска противвредност) изнесува 100,00 денари, односно за износи над 6.000,00 денари изнесува 0,30% односно минимум 150,00 денари.

 

За девизните плаќања - ностро дознаки на физички лица до 9.000,00 денари (во денарска противвредност) Банката наплатува вкупно 850,00 денари. За плаќањата на износ над 9.000,00 денари се наплатува провизија од 0,15% односно минимум 350,00 денари. Трошоците -  OUR изнесуваат 900,00 денари, додека  SWIFT трошоците 300,00 денари.

 

ТТК Банка АД Скопје нуди квалитетна и ефикасна услуга за девизни плаќања и девизни приливи од/во сите земји во светот преку мрежа на коресподентски банки. Услугата е достапна во сите експозитури/филијали на Банката.

*објавено на 9.8.2018 година.

ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на девизните депозити на физички лица во евра

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување