македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Спонзорства и донации 2008

ТТК Банка во поддршка на културата!


Скопје, 31 јули 2008. ТТК Банка во правец на својата посветеност на поддршка на културното наследство, ја најавува својата поддршка на Мартин Вучиќ и проектот “Звуци од Македонија“ со свое учество како генерален спонзор.

Премиерно, проектот ќе биде претставен во рамки на “Охридско Лето 2008„, на концерт кој ќе се одржи во еден од македонските храмови на културата - Античкиот Театар во Охрид и тоа на еден од поголемите македонски празници - 2 Август,  Илинден.

ТТК Банка се одлучи за ваква соработка бидејќи како банка со традиција и искуство на една страна и иновација и ентузијазам од друга поддржува активности кои претставуваат вистинска вредност во општеството, активности кои придонесуваат во зачувување на културното наследство и традиција како и зачувување на автентичниот идентитет на творештвото во Македонија. Во наредниот период следува поддршка на вакви и слични проекти од страна на ТТК Банка.

Покрај ова, ТТК Банка ги најавува и најновите производи на банката: планот за штедење со кој корисниците добиваат можност своите средства да ги штедат според потребите – плански. Со овој производ на граѓаните им се овозможува да префрлаат средства од својата трансакциона (тековна) сметка на својата штедна сметка во ТТК Банка без воопшто да ги посетат експоизтурите на ТТК Банка. Префрлањето на средствата се врши на одреден датум секој месец при што може да се префрли било кој износ определен од корисникот. Со планот за штедење на граѓаните им се овозможува, без посебни напори, губење на време во чекање редови, по автоматизам да заштедат пари.Во духот на штедењето и корисничката ориентираност, ТТК Банка одлучи за користењето на оваа услуга за  да биде бесплатно!

Покрај планот за штедење банката воведува уште една услуга за населението, електронска проверка на состојба на сметките -  електронското банкарство. Оваа услуга е веќе подолго време достапна до правните лица корисници на банката, но од сега и на граѓаните им овозможува користење на банкарските услуги на Банката преку Интернет. Со електронското банкарство на ТТК Банка граѓаните добиваат можност на брз и едноставен начин од својот дом или работно место да извршат проверка на состојбата на сопствената сметка и проверка на промените на сите сметки во ТТК Банка. Со елеткронското банкарство на ТТК Банка се добива можност 24 часовен увид на сметките од било кое место. За да се користи оваа услуга, се што е потребно е отворање на трансакциона (тековна) сметка во ТТК Банка во било која од 26те експозитури и 3 филијали низ Републиката. 

Со цел да се приближи до корисниците и поефикасно да одговори на потребите на истите, ТТК Банка во текот на Јуни и Јули изврши истражување на задоволството на корисниците. Истражувањето покажа: Речиси секој Македонец има „своја банка„ за деловни и приватни потреби. Според истражувањето на ТТК Банка за задоволство на корисниците спроведено од страна на GfK Македонија, 71% од населението во РМ, на возраст над 15 год.соработува со некоја банка. Во просек корисниците на банкарски услуги имаат релација со 1,7 банки.

На пазарите каде постои компетитивност, каков што е и банкарскиот сектор во Македонија, корисниците имаат голем избор и не се двоумат да го изберат најдоброто за нив. Затоа, бројот на корисници на ТТК Банка расте. Поголемиот број на корисници на ТТК се корисници на оваа банка помалку од една година. Најголемиот број на бизнис корисниците на ТТК ја користат банката помеѓу 3 и 5 години. Овој податок говори дека ТТК Банка поголемиот дел од својата корисничка база ги регрутирала во изминатите 2 години за разлика од конкуренцијата.

42% од вкупната база на ТТК корисниците се премногу и многу задоволни, 54% се задоволни. Само 4% од ТТК корисниците се прилично незадоволни или незадоволни од ТТК Банка. Процентот на незадоволни корисници кај конкуренцијата е двојно повисок.

84% од корисниците на ТТК Банка дефинитивно би продолжиле да ги користат услугите на ТТК Банка, додека 80% би ја препорачале оваа банка на свои пријатели и роднини, овој процент кај конкуренцијата е значително помал 68%.

Вкупниот индекс за идно однесување е 61 што е повисок за 6 индексни поени од конкуренција. 

ТТК Банка А.Д. Скопје е банка во Република Македонија чии главни акционери се Тетекс 45% и ЕБОР 25%, што е доказ и гарант дека станува збор за квалитетна и сигурна банка со голем потенцијал за развој.


 

Известување за предвремена исплата на пензиите од 27-ми октомври 2020 година
ТТК Банка предупредува на лажно претставување со злоупотреба на името на Банката
Известување за исплата на паричните права од социјална и детска заштита од 5-ти октомври
Јавен повик за учество на XXXV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми септември 2020 година
Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 31.12.2020 година
Интервју со Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор“: Кризата се ширеше побрзо и од вирусот, ТТК Банка одговори силно на предизвиците
ТТК Банка АД Скопје со понуда за ново одложување на отплатата на кредитните обврски за физички лица
Јавна понуда број 02-5740/2 од 4.9.2020 година за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица
Позитивен финансиски резултат на ТТК Банка АД Скопје за периодот од 1.1.2020 до 31.7.2020 година
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување