ТТК Банка АД Скопје со нов промотивен депозит за штедачите - ПРОМО ФИКС 15 во денари и во евра
ТТК Банка АД Скопје понуди нов промотивен депозит ПРОМО ФИКС 15 со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 месеци во промотивен период од 10 мај до 30 јуни 2019 година.
За депозитите орочени во денари ПРОМО ФИКС 15 нуди фиксна каматна стапка која на годишно ниво изнесува 2%, додека за депозитите во евра 1,5% годишно со избор за месечен припис или исплата на каматата на трансакциска сметка.
Следејќи ги барањата и потребите на корисниците ТТК Банка АД Скопје постојано го подобрува и проширува квалитетот на понудата што придонесува за зголемување на нивното задоволство.
Повеќе информации за новиот ПРОМО ФИКС 15 депозит можат да се најдат на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk, преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК M-banking како и во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје.
*објавено на 10.5.2019 година.
|