македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Кредити

Ненаменски потрошувачки Агро кредит  за индивидуални земјоделци

Ненаменскиот потрошувачки Агро кредит за индивидуални земјоделци е наменет за поттикнување на равојот на земјоделството.

Корисници

·          Државјани на Република Македонија, деловно способни лица над 18 години, регистрирани индивидуални земјоделци, кои активно и континуирано мин. 24 месеци се занимаваат со земјоделска дејност* и во изминатите мин. 12 месеци остваруваат приход од две или повеќе различни земјоделски култури (приходите може да бидат остварени и од само една земјоделска култура, под услов кредитокорисникот да вклучи 2 (двајца) жиранти без разлика на одобрениот износ).

*Под земјоделска дејност се подразбира производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи,  одгледување на добиток и други стопанско-корисни животни, како и пласман на нивните производи (во согласност со Законот за вршење на земјоделска дејност).

Критериуми

·          Просечните месечни приходи остварени по основ на земјоделска активност во последните 12 месеци да бидат минимум 9.000 ден;

·          Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од просечните месечни приходи на кредитобарателот во последните 12 месеци;

Максималната старост на кредитобарателот не смее да биде поголема од 70 години при доспевање на последниот ануитет на кредитот.

Износ

·          до 200.000 денари во зависност од кредитоспособноста

Валута

·          МКД

Начин на отплата

·          По амортизационен план на еднакви месечни или квартални ануитети кои достасуваат на 1-ви во месецот;

·          Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

·          До 24 месеци

Каматна стапка

·          9,50% прилагодлива годишна каматна стапка за катагорија на корисници кои приходите од остварена земјоделска активност ги примаат преку ТТК Банка (I категорија);

·          11,25% прилагодлива годишна каматна стапка за категорија на корисници кои приходите од остварена земјоделска активност не ги примаат преку ТТК Банка (II категорија);

За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата, Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·          Казнена каматна стапка од 11,75% годишно (законска казнена) прилагодлива за достасани, а неподмирени обврски.

Метод и период на пресметка на камата

·          Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода

Надоместоци

 

·          За обработка на барање за кредит: 450 денари за кредитокорисници од I категорија, односно 550 денари за кредитокорисници од II категорија;

·          За одобрување на кредитот: 2,80% мин. 2.000 денари;

·          За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот) максимум 5.000 денари;

·          Без провизија за предвремена делумна и целосна ликвидација;

·          Надомест за измена на обезбедување за кредити за физички лица, 1% манипулативни трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари.

Трошоци

·          трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот);

·          трошоци за меница.

СВТ

·  Преглед на СВТ

Обезбедување

 

 

Обезбедување

Приходи

Износ на кредит

1 (еден) жирант

приход од две или повеќе различни земјоделски култури континуирано во период од минимум 12 месеци

до 60.000 денари

2 (двајца) жиранти

приход од две или повеќе различни земјоделски култури континуирано во период од минимум 12 месеци

од 60.000 денари до 200.000 денари

 

приход од една земјоделска култура континуирано во период од минимум 12 месеци

До 200.000 денари

 

 

За жирантите важат следниве услови:

·           Минималните месечни примања да изнесуваат минимум 9.000 денари;

·          Да имаат засновано редовен работен однос на неопределено време или редовен работен однос на определено време доколку договорот за работен однос се продолжува непрекинато во последните 24 месеци или доколку договорот истекува по достасување на последната рата од кредитот;

 

Дополнително:

·          Меница со менична изјава потпишана од кредитокорисникот и жирантот/ите (за износи над 60.000 денари - меница во форма на нотарски акт);

·          Административна забрана на плата од фирмата во која работи/ат жирантот/ите и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/буџетската државна институција/јавното претпријатие ја издава).

Потребни документи

·          Апликација за кредит;

·          Фотокопија од важечка лична карта или пасош од кредитокорисникот и жирантот/ите;

·          Решение за индивидуален земјоделец;

·          Решение за регистриран земјоделец од ЕРЗС (Единствен регистар на земјоделски стопанства) од Министерство за земјоделство не постара од 1 година;

·          Потврда за сопственост на недвижен имот на име на кредитокорисникот (доколку кредитокорисникот не поседува недвижен имот потребно е да се обезбеди потврда за сопственост на недвижен имот од најмалку еден жирант);

·          Копија од имотен лист или договор за закуп за земјиштето кое се обработува;

·          Пасоши за добитокот или потврда од ветеринарна станица не постара од 6 месеци за кредитокорисниците – производители на млеко и месо;

·          Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата од жирантот/ите;

·          Преглед на трансакциска сметка од банката/банките со увид од мин. 12 месеци од остварените приходи од земјоделска дејност;

·          Фотокопија од последна платена сметка струја за кредитокорисникот;

·          Договор за откуп или деловна соработка - доколку има.

Исплата

·          Во корист на трансакциска сметка на кредитокорисникот.

 

Пример

Вид на кредитот

Ненаменски потрошувачки Агро кредит

Износ

100.000 денари

Рок на отплата

24 месеци

Износ на ануитет

4.592 денари

Начин на отплата

Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.

Каматна стапка

9,50% прилагодлива к.с.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

13,41%

Вкупен износ за плаќање

113.315 денари

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

100.000 денари

Вкупен износ на камата за кредитот

10.210 денари

Надомест за одобрување на кредитот

 2.800 денари (При исплата на кредитот: 2,80% од износот или минимум 2.000 денари)

Надомест за администрирање на кредитот

305 денари (0,2% на остатокот од долгот годишно, однапред на главниот долг на кредитот).

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Надомест за обработка на барање

450 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за меница

100 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Датум на пример

1.6.2015

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција Деловна Мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 15.3.2017 година.


 

Нови атрактивни услови за ненаменските потрошувачки кредити во ТТК Банка
Јавен повик за избор на најповолен добавувач за користење на поштенски услуги
Промена на пасивните каматни стапки на физички и правни лица од 1.2.2017 година
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување