TТК Банка АД Скопје ја продолжи понудата на промотивниот депозит ПРОМО ФИКС 15 до 31 март 2020 година
ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда за штедење во денари и евра на 15 месеци со фиксни каматни стапки, во рамките на производот ПРОМО ФИКС 15 наменет за физички лица.

За штедни влогови во денари орочени на 15 месеци, корисниците имаат можност да добијат каматна стапка од 1,1% годишно, додека за штедни влогови во евра каматната стапка изнесува 0,6% годишно. ПРОМО ФИКС 15 депозитот нуди можност за месечна исплата или припис на каматата по избор на корисникот. Промотивната понуда на ПРОМО ФИКС 15 е со важност до 31 март оваа година.
Повеќе информации за условите на промотивниот ПРОМО ФИКС 15 депозит во денари и евра можат да се добијат на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, во експозитурите и филијалите на Банката како и преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank.
* објавено на 4.2.2020 година
|