ТТК Банка – генерален спонзор на 34-то традиционално искачување на Титов врв 2015 година
Во духот на спортот, истражување на природата, јакнење на спортскиот дух и елан, чувството на слобода на висина од 2.747 метри надморска височина, каде само небото е граница, на 23 и 24 мај се одржа 34-то традиционално искачување на Титов врв 2015 година, а во организација на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово.
ТТК банка како генерален спонзор зема учество на овој традиционален настан, каде учествуваа 700 учесници од планинарски друштва во Македонија и Европа, од кои 680 го освоија Титов врв.

И годинава ТТК банка заедно со учесниците, дружејќи се по патот кон освојување на врвот, по 34-ти пат го освоија мирот и спокојството, и секако глетката која задолжително треба да се доживее.
*објавено на 2.6.2015 година. |