македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Ненаменски потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,50% во првата година и 7,68% годишна променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата (намален надоместок за одобрување до 30.9.2019 година)

Потрошувачките кредити нудат атрактивни услови, каматни стапки и провизии, кои ќе ви овозможат остварување на она што го посакувате за вас и за вашето семејство. За приматели на плата преку ТТК Банка нудиме пониска каматна стапка и провизија за одобрување во рамките на Премиум СМАРТ пакетот.

·          НАЈНИСКА ФИКСНА каматна стапка за првата година

·          БЕЗ ЖИРАНТИ до 600.000 денари, во зависност од висината на месечните примања

·          МЕСЕЧЕН АНУИТЕТ - 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот

 

Корисници

·  Државјани на Република Македонија, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката; пензионери.

·  Премиум СМАРТ:

- Физички лица вработени во државни институции и во акционерски друштва што се приматели на плата преку ТТК Банка; пензионери што се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка;

- Физички лица вработени во приватни фирми (кои постојат минимум 5 години), со месечни примања не пониски од 15.000 денари (континуирано во последните 12 месеци), класифицирани во А категорија (континуирано во последните 12 месеци), што се приматели на плата во Банката;

- Физичко лице  вработено во нотарска, извршителска, адвокатска канцеларија (нотар, извршител, адвокат) и ја прима платата преку ТТК Банка;

·  I и II категорија на корисници:

- Физички лица што примаат/не примаат плата преку ТТК Банка;

- Физички лица вработени во приватни фирми (кои постојат минимум 12 месеци) со месечни примања не пониски од 12.000 денари (континуирано во последните 6 месеци), класифицирани во А категорија (континуирано во последните 12 месеци), што се/не се приматели на плата во Банката.

Критериуми

·  Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот;

· За Премиум СМАРТ месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот;

·  Во кредитот не може да се вклучат ко-кредитобаратели;

·  За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот;

·  Банката одобрува кредити на физички лица кои се кредитоспособни и кои се:

- во редовен работен однос, со минимален износ на месечни примања од 9.000 денари остварени во Р. Македонија и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 67 години со исклучок на кредити обезбедени со хипотека на недвижен имот и/или меница со жирант за кои старосната граница изнесува 70 години;

- пензионери кои примаат пензија од ПИОМ, со минимален износ на месечни примања од 8.500 денари и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 70 години;

·  Да нема постоење на долг по различни основи во вкупен износ од над 10.000,00 денари (неплатени даноци, долг за испорачани добра и услуги и друго) во согласност со извештај од Македонско Кредитно Биро.

Износ

·  Од 20.000 денари до 900.000 денари.

Валута

·  МКД.

Начин на отплата

·  Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот;

·  Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

·  Од 12 до 84 месеци.

Каматна стапка

·  5,50% годишна фиксна каматна стапка во првата година;

  7,68% годишна променлива каматна стапка (НРС + 5,73 процентни поени)  за остатокот од периодот на отплата, за корисници на Премиум СМАРТ пакетот (наменет за: 1. Физички лица кои се вработени во државни институции и акционерски друштва и ја примаат платата преку ТТК Банка; 2. Физички лица пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка; 3. Физички лица вработени во приватни фирми (кои постојат минимум 5 години), со месечни примања над 15.000 денари (континуирано во последните 12 месеци), класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), што се приматели на плата преку ТТК Банка; 4. Физичко лице  вработено во нотарска, извршителска, адвокатска канцеларија (нотар, извршител, адвокат) и ја прима платата преку ТТК Банка;

· 5,90% годишна фиксна каматна стапка во првата година; 8,68% годишна променлива каматна стапка (НРС + 6,73 процентни поени) за остатокот од периодот на отплата, за корисници кои примаат плата, односно пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка (I категорија);

· 10,25% годишна променлива каматна стапка (Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8 процентни поени), за корисници кои не примаат плата, односно пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка (II категорија);

·   За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата, Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·  10,25% годишна прилагодлива каматна стапка (законска казнена) за достасани, а не подмирени обврски.

Метод и период на пресметка на камата

·  Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода.

Надоместоци

 

·  500 денари за приматели на плата/пензија, односно 700 денари за неприматели на плата/пензија во Банката, надоместок за обработка на барање за кредит за физички лица;

·  При исплата на кредитот:

     ·  2,8% од износот или мин. 2.000 денари;

     ·  2,5% од износот или мин. 2.000 денари (за корисници на Премиум СМАРТ пакет)

*надоместок за одобрување 0,50% со редовна минимална провизија, соодветно на кредитниот производ, односно без надоместок за корисници кои:

- истовремено со кредитот ќе аплицираат и на кои ќе им биде одобрена кредитна картичка Visa Classic;

- имаат одобрена кредитна картичка Visa Classic во период од 1.7.2019 година до 30.9.2019 година.

  Промотивниот период важи за поднесени апликации за кредит од 1.7.2019 година до 30.9.2019 година за категорија на корисници Премиум СМАРТ и I категорија;

 

·  За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот) максимум 5.000 денари;

·  Без провизија за предвремена делумна отплата;

·  Без провизија за предвремена целосна отплата;

·  Надомест за измена на обезбедување за кредити за физички лица, 1% манипулативини трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари.

Трошоци

·   трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот);

·   трошоци за меница.

СВТ

·  Преглед на СВТ

Обезбедување

 

Плата

Обезбедување

Износ на кредит

>20.000 денари

Без жиранти

До 400.000 денари

1 (еден) жирант

Од 400.001 денар до 550.000 денари

2 (двајца) жиранти

Од 550.001 денар

>15.000 ≤ 20.000 денари

Без жиранти

До 300.000 денари

1 (еден) жирант

Од 300.001 денар до 400.000 денари

2 (двајца) жиранти

Од 400.001 денар

≤15.000 денари

Без жиранти

До 200.000 денари

1 (еден) жирант

Од 200.001 денар до 250.000 денари

2 (двајца) жиранти

Од 250.001 денар

За корисници на Премиум СМАРТ:

Плата

Обезбедување

Износ на кредит

>25.000 денари

1 (еден) жирант

 Од 600.001 денар до максималниот износ

>18.000 денари

Без жиранти

До 600.000 денари

>12.500 ≤ 18.000 денари

Без жиранти

До 450.000 денари

1 (еден) жирант

Од 450.001 денар до 600.000 денари

≤12.500 денари

Без жиранти

До 300.000 денари

1 (еден) жирант

Од 300.001 денар до 600.000 денари

 

·  Еден/двајца жиранти;

·  Административна забрана на плата од фирмата во која работат кредитобарателот и жирантот/ите  и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/буџетската државна институција/јавното претпријатие/нотарска/извршителска/адвокатска канцеларија ја издава);

·  Меница со менична изјава потпишана од  кредитобарателот и жирантот/ите.

 

Меница во форма на нотарски акт

За категорија на корисници Премиум СМАРТ, при секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на потрошувачки кредит во износ над 600.000 денари која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт со извршни клаузули.

За I и II категорија на корисници, при секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на потрошувачки кредит во износ над 400.000 денари која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт со извршни клаузули.

Потребни документи

·  Апликација за кредит;

·  Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и жирантите;

· Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата за кредитобарателот и жирантите;

· за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци;

· Фотокопија од последна платена сметка за струја за кредитобарателот;

· За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ).

Документи за наплата

·  Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на корисникот за приматели на плата/пензија (од ПИОМ).

Исплата

·  На трансакциска сметка на корисникот на кредитот.

 

Пример

Вид на кредитот

Ненаменски потрошувачки Премиум СМАРТ кредит (приматели на плата/пензија преку ТТК Банка).

Износ

150.000,00 денари.

Рок на отплата

60 месеци.

Износ на ануитет

2.866,00 денари во првата година; 2.989,00 денари за останатиот период.

Начин на отплата

Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот.

Каматна стапка

5,50% годишна фиксна к.с. во првата година; 7,68% годишна променлива к.с. за остатокот од периодот на отплата

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

7,94%.

Вкупен износ за плаќање

180.831,00 денари.

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

150.000,00 денари.

Вкупен износ на камата за кредитот

27.891,00 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).

Надомест за одобрување на кредитот

   2.000,00 денари (0,50% мин.2.000,00 денари намален надоместок во промотивен период до 30.9.2019 година).

Надомест за администрирање на кредитот

 940,00 денари (0,2% на остатокот од долгот годишно, однапред на главниот долг на кредитот).

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Надомест за обработка на барање

500,00 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за меница

200,00 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Датум на пример

1.7.2019 година

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција за деловна мрежа

Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 480

e-пошта: bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.7.2019 година.


 

СУПЕР Станбен кредит со фиксна каматна стапка во првите пет години со намален надоместок за одобрување до 30.9.2019 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 30.9.2019 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување