ТТК Банка АД Скопје со учество на едукативниот настан „Денови на финансиската писменост“
ТТК Банка АД Скопје учествуваше на настанот „Денови на финансиска писменост“ што се одржа на 28-ми мај во организација на Министерството за финансии, НБРСМ како и другите регулаторни финансиски институции. И оваа година, ТТК Банка АД Скопје зеде активно учество и даде свој придонес во реализацијата на основната цел на овој настан - подобрување на финансиската писменост кај населението.
Настанот беше посетен од сите возрасти, но најмногу од целната група - ученици од основните и средните училишта, како и најмладите од неколку градинки за кои беа организирани бројни финансиско-едукативни активности.
ТТК Банка АД Скопје учествуваше со свој штанд, промотивен материјал, едукативни и практични подароци за најмладите, како и финансиски совети во врска со одредени теми што ги засегаат граѓаните, ставајќи акцент на користењето на најновите дигитални технологии на плаќање коишто ги нуди ТТК Банка АД Скопје, односно електронското и мобилното банкарство како и и бесплатната мобилна апликација TTK m-bank.

Настанот „Денови на финансиска писменост“ продолжи и во наредните денови односно од 29-ти до 31-ви мај. TTK Банка АД Скопје како општествено одговорна компанија, организираше активности во филијалите во Скопје, Тетово, Битола, Куманово, Охрид, Штип и Струмица каде што заинтересираните граѓани имаа можност, во непосредна комуникација со нашите вработени, да се информираат за предностите на современите дигитални начини за плаќање преку електронското и мобилното банкарство како и за актуелната понуда на атрактивните финансиски производи и услуги на Банката.
Сите корисници кои ја инсталираа апликацијата за мобилно банкарство на ТТК Банка АД Скопје TTK m-bank добија подарок изненадување.

*објавено на 17.6.2019 година |