македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Спонзорства и донации 2011

START UP - викенд на претприемачки идеи и можности

За прв пат во Македонија се организира Start up викенд, викенд полн со претприемачки идеи и можности за реализација на креативни и уникатни идеи од страна на учесниците. Настанот ќе се одржи од 24-ти до 26-ти јуни 2011 год. во Скопје, во организација на ПСМ Фондацијата а по лиценца на непрофитната организација Startup Weekend од Сиетел, Вашингтон.

ТТК Банка постојано и единствено ги поддржува претприемачите и е дел од овој настан, кој има за цел да го развие и да го поттикне претприемачкиот дух во земјата во улога на поддржувач на настанот и преку менторство. Преку понуда на постоечки и развој на нови кредити наменети за малите и средните претпријатија, ТТК Банка настојува да го поттикне развојот на претприемачки идеи, кои имаат тенденција да прераснат во големи и успешни бизниси, а последователно и да влијаат на развојот на економијата во Р. Македонија. 

Startup викенд е 54-часовен настан за генерирање нови бизнис идеи, кој овозможува вмрежување, информации за ресурси, креирање тимови кои ја развиваат идејата и подготовка за нејзина реализација. Сè што е потребно е да ги донесете вашите креативни идеи и заедно со вашиот тим, како и менторство од 30 врвни странски и домашни експерти, кои ќе ве научат за успешноста на бизнисот, креативното размислување, маркетинг-стратегиите.

Овој настан е отворен за сите заинтересирани претприемачи од локалната заедница, повеќе информации за начинот на пријавување и учество може да добиете на  http://skopje.startupweekend.org/. Настанот е веќе организиран во повеќе од 110 места во светот и наиде на голем успех при што само во минатата година, директно резултираше во креирање повеќе од 850 нови компании.


 

Промена на пасивните каматни стапки на физички и правни лица од 1.2.2017 година
Известување за експозитура Кривогаштани
Известување за шалтер Брвеница
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување