Плакета за придонес во организирањето на манифестацијата "Турнир на медиумите" 2011
Во периодот од 7 до 11.12.2011 се одржа традиционалната манифестација “Турнир во мал фудбал на медиумите во Македонија” во организација на Спортско радио.
ТТК Банка во улога на спонзор учествуваше во ревијалниот дел на натпреварите, со сопствен фудбалски тим. ТТК Банка освои победа во натпреварот “ТТК – Blizoo (CableTel)”, со резултат – 2:1.
За својата поддршка на настанот, на ТТК Банка ѝ беше доделена Плакета за придонес во организирањето на традиционалната манифестација "Турнир во мал фудбал на медиумите во Македонија".

Во ревијалниот дел учествуваа повеќе медиумски личности кои придонесоа за позитивна и весела атмосфера во салата: фудбалски ветерани, естрадни гости, попови, полицајци. Целта на оваа манифестација е да се овозможи поголема соработка и дружење помеѓу медиумите и компаниите во Македонија.

|