ТТК Банка во поддршка на детскиот фестивал “Јаболчиња”
На 21.10.2012 год. се одржа 17-тото издание на детскиот фестивал "Јаболчиња", во Центарот за култура "Иљо Антески – Смок".
Со особено задоволство, ТТК Банка го поддржа детскиот фестивал "Јаболчиња", како еден од ретките детски културно-забавни настани во регионот на Тетово. За време на настанот, ТТК Банка беше присутна со промотивен штанд каде што беше направена промоција на производот наменет за најмладите, детското штедење.
ТТК Банка ќе продолжи и во иднина да поддржува активности и настани кои имаат за цел поттикнување на правилниот раст и развој на најмладите, нивна правилна едукација и социјализација во општеството.


|