Признание за ТТК Банка за афирмација на КУД "Кочо Рацин"
ТТК Банка во правец на својата посветеност на поддршка на културното наследство, безрезервно ја дава својата поддршка на Културното Уметничко Друштво “Кочо Рацин” како генерален спонзор веќе неколку години по ред.
Во рамките на заедничката годишна соработка, на 25.12.2011 во Дом на АРМ се одржа традиционалниот годишен концерт на друштвото, со учество на фолклорни групи од сите генерации. За време на концертот, на ТТК Банка и беше доделено Признание за придонес во афирмацијата на Ансамблот КУД "Кочо Рацин".

ТТК Банка како банка со традиција и искуство на една страна и иновација и ентузијазам од друга, поддржува активности кои претставуваат вистинска вредност во општеството, активности кои придонесуваат во зачувување на културното наследство и традиција како и зачувување на автентичниот идентитет на творештвото во Македонија. |