Искачување на највисокиот врв на Шар Планина, “Титов Врв 2014”, со поддршка од ТТК Банка
Во организација на планинарскиот клуб “Љуботен”, на 24-ти и 25-ти мај, се одржа традиционалното 33-то искачување на највисокиот врв на Шар Планина – “Титов Врв 2014”.

На манифестацијата учество земаа голем број планинари и планинарски друштва од Македонија, како и од цела Европа.
Повеќе од илјада планинари се искачуваа организирано по обезбедена и обележана патека до највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв, кој се наоѓа на 2727 метри.
ТТК Банка во улога на генерален спонзор со задоволство ја поддржа оваа манифестација.
*26.5.2014 |