Денарски сметки за правни лица
Корисници
· Правни лица, резиденти и нерезиденти.
Валута
· МКД.
Потребни документи
· Пополнето барање (обрасци на Банката);
· Решение за упис во трговскиот регистар, односно во регистарот на надлежниот орган или акт од надлежен орган за основање, ако учесникот не е запишан во регистар и не е основан врз основа на закон или извадок од закон, ако учесникот е основан во согласност со закон;
· Решение за распоредување на деловниот субјект според претежната дејност, согласно Националната класификација на дејностите;
· Доказ за единствен даночен број;
· ЗП Образец заверен на нотар;
· Доказ дека сметката е пренесена од Министерството за финансии –Управа за јавни приходи или последен извод од сметка отворена во друга банка.
Процедура за отворање сметка за странски правни лица – нерезиденти
· Пополнето писмено барање (потпишано од управителот или од овластено лице);
· Регистрација на странското правно лице (оргинал или заверена од нотар или суд);
· Извод од трговски регистар (не постар од 3 месеци);
· Писмено овластување за лицата кои ќе ја застапуваат фирмата;
· Документ за идентификација (нотарски заверена копија од пасош за лицата овластени за работа со сметката и од овластувачот);
· Писмена изјава од нерезидентот дека е запознат со позитивните прописи во земјата;
· Договор со нерезидентот, во кој се регулирани начинот на отворање, водење и затворање на сметките, начин на прием и извршување на налозите за плаќање и наплата, начин на известување за приливи и одливи на сметките и сите трошоци и провизии.
Општи услови за денарска трансакциска сметка - правно лице, резидент
Општи услови за трансакциска сметка - правно лице, нерезидент.
Услови за работење со денарска/девизна сметка на правно лице - резидент
Услови за работење со денарска/девизна сметка на правно лице - нерезидент
Тарифа за надоместоци - денарски платен промет за правни лица
Потребни формулари за отворање на сметка
Лице за контакт:
Александра Стојмановска
Раководител на Оддел за платен промет во земјата и странство
Дирекција за деловна мрежа
Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 425
e-пошта: aleksandra.stojmanovska@ttk.com.mk
* Последна промена направена на интернет-страницата 1.9.2020 година.
|