Ненаменски кредити од ТТК Банка со каматна стапка од само 7,5%
ТТК Банка воведе нови промотивни каматни стапки за ненаменските кредити достапни за новите корисници. Новите каматни стапки се воведуваат во рамките на Премиум смарт и Премиум вип пакетите за приматели на плата во Банката.
Корисниците на Премиум смарт и Премиум вип пакетот може да добијат пониска каматна стапка за ненаменски хипотекарен кредит со само 7,50% годишна каматна стапка и со рок на враќање 8 години.
Корисниците на Премиум смарт пакетот ќе добијат најповолни каматни стапки за: ненаменски потрошувачки кредит 9,50% годишна каматна стапка, без жиранти во зависност од висината на платата и износот на кредитот и пониска провизија за одобрување.
Корисниците на Премиум вип пакетот ќе добијат пониски каматни стапки за ненаменски ВИП кредит 8,50% годишна каматна стапка, олеснето обезбедување – без жиранти и без административна забрана и најмала провизија за одобрување од само 1% од износот.
Исто така, корисниците на Премиум смарт и Премиум вип пакетите може да ги користат и поволностите на Visa Classic кредитна картичка, 10,50% годишна каматна стапка, без жиранти во зависност од висината на платата и износот на кредитот. |