македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Онлајн штедење
Кусур штедење
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

ТТК Банка АД Скопје ја  реализираше втората емисија на корпоративни обврзници

 

 

ТТК Банка АД Скопје брзо и успешно ја реализираше втората емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративни обврзници.

 

Обврзниците се емитуваа по пат на јавна понуда со којашто за кратко време се запишаа и се уплатија 100 % од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра. Каматната стапка е фиксна и изнесува 2,7 % годишно. Пресметката и исплатата на каматата ќе се врши годишно, додека номиналната вредност на обврзницата ќе се исплатува по доспевањето на обврзницата.

 

TTK Банка АД Скопје, по успешната прва емисија на корпоративни обврзници по втор пат, се одлучи на овој чекор со цел диверзификација и обезбедување долгорочни и стабилни извори на средства, зајакнување на капиталната сила и вкупниот финансиски капацитет на Банката, а во согласност со планираните бизнис цели за наредниот период.

 

Со ширење на лепезата на емитувани обврзници ТТК Банка АД Скопје го поттикнува развојот на домашниот пазар на капитал и секундарниот пазар на должнички хартии од вредност. Истовремено ја потврдува својата ориентираност преку понудата на долгорочни производи со поволни каматни услови да ги задоволи барањата на своите клиенти.

 

И овој пат понудените услови поттикнаа голем интерес за вложување во обврзници на стабилна и перспективна банка. Во иднина ТТК Банка АД Скопје планира да реализира дополнителни емисии на долгорочни хартии од вредност. Карактеристиките на новите обврзници ќе се понудат во согласност со интересот на потенцијалните инвеститори“ - изјави Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје проф. д-р Драгољуб Арсовски.

 

Во наредниот период обврзниците ќе бидат ставени на листата на регулираниот пазар на Македонската берза каде што ќе бидат достапни за секундарно тргување за инвеститорите, за правните и за физичките лица. Приходите од вложување во обврзница се стабилни и предвидливи, што ги прави популарни за инвеститорите кои сакаат да остварат сигурни приходи.

 

Во 2019 година ТТК Банка АД Скопје го оствари својот најдобар финансиски резултат. ТТК Банка АД Скопје ќе ги искористи прибраните средства од емисијата за понатамошна активна поддршка при реализацијата на финансиските планови на физичките и правните лица.

* објавено на 13.2.2020 година 


 

Известување за правата на запишувачите на долгорочните должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница од втората емисија
ТТК Банка АД Скопје ја реализираше втората емисија на корпоративни обврзници
Известување за затворање на јавната понуда на хартии од вредност по основ на постигнат процент на успешност
Известување по повод објавена информација за дејноста на Тетекс АД Тетово
ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда за кредитни производи за физички лица до 31 март 2020 година
TТК Банка АД Скопје ја продолжи понудата на промотивниот депозит ПРОМО ФИКС 15 до 31 март 2020 година
Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница по пат на јавна понуда (втора емисија)
Нова услуга за уплата на парични средства „CashIn“ на банкоматите на ТТК Банка АД Скопје
СУПЕР Станбен кредит со фиксна каматна стапка во првите пет години со намален надоместок за одобрување до 31.3.2020 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 31.3.2020 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување