Благодарница за поддршка на манифестацијата „Глобална недела на претприемаштво“ 2011, ПСМ Фондација
Започна четвртата „Глобална недела на претприемаштво 2011“ во организација на ПСМ Фондацијата и поддршка на претприемачите во земјата. Во насока на поддршка на оние кои имаат верба и храброст да го остварат својот сон како и долгогодишната успешна соработка на ТТК Банка со ПСМ Фондацијата, за време на свеченото отворање на настанот, ТТК Банка беше одликувана со Благодарница за повеќегодишен придонес во организирањето Глобална недела на претприемаштво.

„Ние сме дел од активностите на Фондацијата, како во улога на поддржувач, во улога на ментор но и како институција која преку својата понуда на производи ќе овозможи финансиска поддршка на претприемачите. Сè со цел да го поттикне и да го развие претприемачкиот дух во земјата, да го поттикне развојот на претприемачки идеи, кои имаат тенденција да прераснат во големи и успешни бизниси, а послеводателно и да влијаат на развојот на економијата во Р. Македонија”, изјави г-ѓа Елена Младеновска-Јеленковиќ, директор на Дирекцијата за маркетинг и развој на производи, ТТК Банка АД Скопје.
Во насока на поддршка на претприемаштвото, ТТК Банка беше дел од Startup Weekend (11-ти – 13-ти ноември, Финки Факултет), каде што г-ѓа Елена Јеленковиќ беше во улога на ментор на младите претприемачи. Дополнително, во насока на развој на соработката и доказ за посветеноста на полето на поддршката на претприемаштвото, оваа година, во соработка со Британскиот совет, ТТК Банка ќе биде и партнер во националниот натпревар во претприемништво во рамките на проектот Вештини за вработување (Skills for Employability) преку поставување на задачата, евалуација и награда на победниците.

|