ТТК Банка во поддршка на културата – “Денови на Иљо - 2014” Тетово
Во организација на Здружението за култура и уметност “Иљо Антески Смок” од Тетово од 15-ти до 17-ти мај 2014 година се одржа првата меѓународната културна манифестација “Денови на Иљо - 2014”, а по повод патронатот на Здружението и неговото 92-годишно постоење и сведочење за традицијата и културата во полошкиот регион.

На настанот настапија игроорни друштва од земјата и регионот, естрадни уметници и групи со народни и староградски песни.
ТТК Банка во улога на генерален покровител ја помогна реализацијата на оваа манифестација, а со цел да придонесе во зачувувањето и развојот на македонската култура, уметност и традиција.
*19.5.2014 |