ТТК Банка – традиционален поддржувач на манифестацијата “Титов Врв”
Во организација на планинарскиот клуб “Љуботен” на 2-ри и 3-ти јуни 2012 год. се одржа 31-вото традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина – Титов Врв.
Манифестацијата “Титов Врв” има за цел да ги обедини планинарите и планинарските друштва од Македонија и цела Европа, кои имаат ист освојувачки поход, да се искачат на Титов Врв на 2747м надморска височина.
ТТК Банка е традиционален поддржувач на манифестацијата која е од огромно значење за развој на здрава и просперитетна заедница како и во промовирање на специфичните убавини кои ги поседува оваа земја.

|