Почитувани корисници,
Ве известуваме дека банкоматот на ТТК Банка АД Скопје на ул. „Столарска“ бр. 1, Битола, кај Агенцијата за недвижности „Дора“, е поставен на нова локација на ул. „Маршал Тито“ бр. 18 во рамките на пицеријата „Метро“ - Битола.
Ве потсетуваме дека повлекувањето средства со Visa Classic дебитната картичка на ТТК Банка АД Скопје на сите банкомати на Банката е без провизија.
Во секое време на Ваше располагање се услугите достапни преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата банкомати на ТТК Банка АД Скопје.