ТТК БАНКА АД Скопје присутна на БАНКЕКСПО 2012
По повод 31-ви октомври - Светскиот ден на штедењето, се одржа првиот Саем на финансиски институции, БАНКЕКСПО, во организација на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија.
На настанот беа доделени и плакети на најдобрите шалтерски работници во банките и во штедилниците за постигнати особени резултати во работењето. Покрај тоа, се одржа и дебата на тема „Криза – 2012 – предизвици – решенија“, на која присуствуваа претставници на банките, осигурителните компании, коморите, компаниите, монетарната и фискалната власт и науката.
ТТК БАНКА АД Скопје е присутна на саемот преку промотивен штанд преку кој беа презентирани производите и услугите кои Банката ги нуди. |