Во периодот од 29.10.2015 година, заклучно со 1.11.2015, се одржа саемот „Купи куќа, купи стан“ во „Сити Мол“ со цел промоција на можностите за вдомување преку проектот „Купи куќа, купи стан“.
На едно место граѓаните имаа можност подетално да се информираат за законските прописи, понудата на станбен простор, мебел и бела техника, условите на станбените кредити, како и понудите од осигурителните компании.
Министерството за финансии го спроведува проектот „Купи куќа, купи стан“ од 2012 година во соработка со повеќе деловни банки преку понуда на субвенциониран станбен кредит со поволни услови.
На саемот ТТК Банка го понуди субвенционираниот станбен кредит БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување на кредитот во промотивен период до 31.12.2015 година, а презентираше и други поволни кредитни продукти од интерес за крајните корисници. ТТК Банка подготви и посебно изненадување, односно на заинтересираните посетители и потенцијални корисници им подели садници Кактус – чувар на куќа, како симбол на домот, чувар на семејството.
ТТК Банка продолжува и понатаму да создава услови за производите и за услугите, пред сè поволни и достапни за нашите лојални корисници, постојни и идни.
ТТК Банка ги повикува заинтересираните граѓани да го искористат промотивниот период и да аплицираат во филијалите и во експозитурите на Банката.

