ТТК Банка АД Скопје во поддршка на Младинските општествено корисни проекти на млади лидери
Oваа година традиционално се реализираше проектот за млади лидери - летни едукативни кампови во организација на Младинската асоцијација ИМКА од Битола, во детското одморалиште „Шула Мина“ во Крушево. На 16-тите по ред младински кампови учествуваа повеќе од 150 кампери.
ТТК Банка АД Скопје со задоволство го поддржа проектот што овозможува развој на позитивните животни вредности, личните и професионални способности преку неформално учење, спорт, забава и дружење на младите.
Во рамките на младинските кампови, за прв пат оваа година, се организираше и саем за вработливост на младите, на кој камперите имаа можност да се запознаат и да учат од искуствата на профеционалците.
ТТК Банка АД Скопје подготви подароци за младите кои активно учествуваа во одредени проекти и покажаа најдобри резултати.


*објавено на 29.10.2018 година
|